Утрински Весник
Македонија

Седум пресуди за непочитување на здравствени прописи донесе ОС-Куманово

Седум пресуди за непочитување на здравствени прописи донесе ОС-Куманово

Куманово, 2 април 2020 (МИА) – Основниот суд во Куманово завчера донесе пресуди за две, а вчера за уште пет лица, бидејќи не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија, соопшти денеска Судот. Едниот не се самоизолирал, а останатите шестмина не ја почитувале забраната за движење.

Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог од страна на Основното јавно обвинителство Куманово, за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, Основиот суд Куманово, на 31 март годинава, донесе една пресуда, со која две лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 50 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од по 61.300,00 денари.

Судот вчера донесе пет пресуди со кои пет лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело, едно лице е осудено на парична казна од 100 дневни глоби во вкупна денарска противвредност од 123.000,00 денари, а четири лица се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби во вкупна денарска противвредност од по 61.500,00 денари.

Во соопштението на Судот се наведува дека еден од обвинетите лица за време на пандемија, како епидемија од глобални размери со одлука на Светската здравствеа организација, иако при влез во Република Северна Македонија од средноризична земја потпишал писмена изјава за задолжителна самоизолација, на ден 25 март при извршена контрола од страна на службени лица на МВР-СВР Куманово, не бил затекнат во неговиот дом, каде што требало да ја спроведува самоизолацијата.

Останатите обвинети шест лица, на 24 и на 25 март година, во истите околности за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуката на Владата од 23.03.2020 година со која се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата од 21,00 часот до 05,00 часот, односно не ја почитувале забраната за движење во наведениот период. ам/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!