Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Околу 3.000 вработени во ЈП „Македонски шуми“ два месеца не земале плата

Трипуновски: Околу 3.000 вработени во ЈП „Македонски шуми“ два месеца не земале плата

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска на својот фејсбук профил објави дека околу 3.000 вработени во ЈП „Македонски шуми“ два месеца се без плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

-Тоа се речеси 3.000 семејства на кои им е загрозена егзистенцијата. Во ек на светска пандемија, покачени трошоци за живот и општ хаос, 3.000 наши сограѓани се соочуваат со мака како да го преживеат месецот, тоа се луѓе со кредити, со разни други давачки, на некој од нив ова им е единствен приход за живеачка, пишува Трипуновски.

Според него, да не се исплати плата за два месеца е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми.

-Каде се парите за плата на овие луѓе!? Доколку нема зошто се примаат нови и се штанцаат нови огласи за партиски вработувања!? Доколку има, каде завршиле и зошто не им се исплатени на работниците!? Три илјади семејства не смее да останат без егзистенција. Платите на вработените во ЈП „Македонски шуми“ мора да се исплатат, наведува Дополнителниот заменик-министер. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење