Утрински Весник
Македонија

Во општините низ источниот регион осум лица не го почитувале полицискиот час

Во општините низ источниот регион осум лица не го почитувале полицискиот час
Dik 300x250 mk

Штип, 2 април 2020 (МИА) – На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на едно лице му е издадено решенија за изолација, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение.

Во него се наведува дека од страна на полициски службеници извршени се 38 контроли над лица во изолација и 109 контроли над лица во самоизолација. Едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

-Забраната за движење не ја почитувале осум лица, од нив три се приведени и три се опоменати. На пет лица им се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци. Поднесени се две известувања и девет кривични пријави по чл.206 од Кривичниот законик. Контролирани се вкупно 161 објект, се вели во соопштението од СВР-Штип. вдј/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Излезеноста до 15 часот е 27,19%

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!

Девет лица од Косово и Македонија организирале борби со кучиња во битолското село Црнеец