Утрински Весник
Македонија

Писонеро за МИА: ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија

Писонеро за МИА: ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија

Брисел, 2 април 2020 (МИА) – Европската Комисија веќе работи на подготовката на рамката за преговорите со Северна Македонија и Албанија, откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло минатиот месец, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврди портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, за МИА.

-Комисија сега ги подготвува предлозите за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, кои ќе ги одразуваат принципите врз кои се темелат преговорите. Комисијата планира да ги презентира заедно со извештаите за проширувањето, изјави за МИА Писонеро.

Поради кризата со коронавирусот неизвесно е сѐ уште кога точно ќе бидат објавени овие извештаите, иако се очекува тоа да биде во текот на оваа пролет.

Датумот на првата Меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје на преговорите, треба да го договорат земјите членки на ЕУ откако ќе ја усвојат преговарачката рамка.

Ставот на Европската Комисија е дека тоа треба да се случи „најбрзо што е можно откако ќе се усвојат преговарачките рамки“, вели Писонеро за МИА.

-Процесот на проширување е цврст и заснован на заслуги. Комисија очекува реформите во двете земји да продолжат, вели портпаролката за проширување во ЕК. тм/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци