2 април 2020
Ова не е време за натпревар, суета, партиски или друг вид поделби. Ова е време на војна во која што секој човечки ресурс е потребен на располагање на државата и на СИТЕ.
Електронското учење, односно користењето на мултимедија и интернет за образование на далечина не е новина, но оваа власт повеќе зборува и пишува препораки отколку што спроведува.
МОН ги задолжи наставниците без реално да се согледаат можностите. Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година.
Мерките кои што денес ќе ги предложиме не се апсолутна новина. Дел од нив веќе се применуваат во современиот свет, а дел се адаптирани на наши услови.
Предлагаме:
1. Одлука со која полагањето на државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде укинато. Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември;
2. Школската година да заврши на 10-ти јуни;
3. Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.
4. Укинување на законските ограничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта.
Христина Серафимовска – ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.