Утрински Весник
Македонија

Поради Ковид-19, крводарителска акција со посебни мерки за бебзедност утре во Делчево

Поради Ковид-19, крводарителска акција со посебни мерки за бебзедност утре во Делчево

Делчево, 1 април 2020 (МИА) – Во Делчево утре ќе се спроведе крводарителска акција. Акцијата како што соопшти Билјана Георгиевска, претседателка на Општинскиот Црвен крст, ќе се спроведе согласно посебни мерки за безбедност поради вирусот Ковид-19.

-Општинската организација на Црвен крст Делчево, утре 2 април 2020 година организира редовна крводарителска акција во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево со почеток од 09:30 до 13:30 часот. Крводарителската акција ќе се спроведе со посебни мерки на безбедност и заштитени од ширење на вируст Ковид-19. Секоја капка значи, вашата крв може живот да спаси. Бидете хумани и дарувајте крв, соопшти Георгиевска.

Од почетокот на 2020 година досега, како што додаваат од општинскиот Црвен крст во Делчево, хуманите граѓани подариле 200 крвни единици.

-Акциите се спроведуваат најчесто со граѓанството додека во една од акциите учествуваа и вработените од делчевската полиција и Регионалниот центар за гранични работи – Исток, додадоа од Црвен крст.

Во наредниот период крводарителски акции со посебни мерки за безбедност поради КОВИД-19 ќе бидат спроведени и во општините Пехчево и Берово. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер