Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол“

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол“
Img 7972

Куманово, 1 април 2020 (МИА)Кумановскиот театар продолжува со претстави на интернет и за публиката денеска онлајн ќе ја прикаже претставата „Раскол“, соопшти театарот на својата официјална страница. 

Претставата е работена по текст на Владимир Плавевски, во режија на Бранко Брезовац, а играат актерите Сузана Брезовац, Драгиша Димитријевски, Горан Илиќ, Љупчо Хаџи Стојанов.

„Раскол“ премиерно е изведена  во септември 1998 година и, според објавата на  театарот, била подготвена за рекордни 20 дена. Оваа претстава е и најдолго одржана на репертоарот, од 1998 до 2006 година, а на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп актерот Драгиша Димитријевски ја доби наградата за најдобро актерско оставрување.

Кумановскиот театар со „Раскол“, исто така, учествувал на голем број фестивали во земјава, како и во Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Аргентина. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“