Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Руско МНР: Проширувањето на НАТО со С. Македонија создава нови поделби во услови на глобална закана од коронавирусот

Руско МНР: Проширувањето на НАТО со С. Македонија создава нови поделби во услови на глобална закана од коронавирусот
Img 7972

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Курсот на НАТО кон проширување единствено создава нови линии на поделби во момент кога на светот му треба обединување во борбата против коронавирусот, се вели во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, по повод членството на Северна Македонија во Алијансата.

Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за регионалната, ниту за европската безбедност“.

– Ваков чекор нема да придонесе за обединувањето на напорите за борба против заедничките закани и предизвици, вклучително и борбата против коронавирусот. Ќе создаде само нови линии на поделба, се наведува во соопштението на руското МНР.

Како што наведува Министерството, „обидите да се даде попмезност и важност на тој настан се покажале безуспешни, поради влошената ситуација со Ковид-19“. – Во услови на вонредна состојба во земјата, лидерите на Северна Македонија сепак не ја испуштија можноста да укажат на историскиот карактер на членството во НАТО, што ја гарантира безбедноста и стабилноста на Скопје, се истакнува во соопштението, што го пренесува ТАСС.

– Очекуваме Скопје да го потврди, во согласност со утврдената процедура, преземањето на обврските на Северноатлантската алијанса врз основа на потпишаните документи со Русија и конкретно Основачкиот акт од 1997 година и Римската декларација од 2002 година, се додава во соопштението на руското МНР. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја