Утрински Весник
Македонија

Патронажна служба ќе носи инсулин за пациенти до нивните домови во Неготино

Патронажна служба ќе носи инсулин за пациенти до нивните домови во Неготино

Неготино, 1 април 2020 (МИА) – ЈЗУ Здравствен дом Неготино денеска го известува населението од општините Неготино и Демир Капија, дека во континуитет ќе ги снабдува пациентите со инсулинска терапија до нивните домови, со помош на патронажната служба.

-Целта на оваа активност е да ги намалиме директните контакти на оваа ризична група на пациенти. Заради тоа, снабдувањето на пациентите со инсулин, најпрво ќе започне од селските населби чии жители користат јавен превоз, а потоа ќе продолжи и во градските населби, со приоритет на повозрасната група граѓани, соопштија од Здравствениот дом.

Оттаму известија дека одделот за подигање на инсулинска терапија ќе работи како и досега, со полно работно време и со редовни прегледи од интернист-дијабетолог. свд/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филиповска Тодорчевска: Кај „Треска“ се планираат околу 6.000 жители на само три хектари

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

УЖАС: Цели девет месеци силувал дете под 15 години во Куманово