Утрински Весник
Македонија

Општина Македонска Каменица донира заштитни маски за секое домаќинство

Општина Македонска Каменица донира заштитни маски за секое домаќинство

Македонска Каменица, 1 април 2020 (МИА) – Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, Општина Македонска Каменица денеска ја почна акцијата за бесплатно донирање на заштитни маски за секое домаќинство. Во акцијата, како што информираа надлежните, ќе бидат поделени вкупно 7.000 маски.
-Во распределбата вклучени се неколку мобилни тимови од вработени во Општина Македонска Каменица. Маски обезбедени од Општина Македонска Каменица во соработка со Рудник „Саса“ денеска ќе добијат граѓаните од колективните станбени живеалишта. Во текот на утрешниот ден акцијата ќе продолжи со делење на заштитни медицински маски за домаќинствата во индивидуалните живеалишта, информираа надлежните.
Акцијата како што додаваат, ќе продолжи во селските средини.
-Во изминатите денови заштитни маски од Општина Македонска Каменица добија сите јавни локални институции, вклучувајќи ги и подрачните канцеларии на Министерствата, додадоа од Општина Македонска Каменица.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги користат маските согласно препораките на епидемолошките служби и да ги почитуваат мерките на Владата за заштита и превенција.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во прилепската болница прва сложена операција на рака, втора во државава

Дува засилен северен ветер, а топлиот Африкански бран кај нас слабее!

СДСМ идната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници