Утрински Весник
Спорт

Арсенал влегува во трката по Џејмс Родригез

Реал три седмици без Хамес Родригез

Лондон, 1 април 2020 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џејмс Родригез.

Според британските медиуми „топџиите“ сакаат да го добијат 28-годишниот играч во текот на летото.

Претходно уште три клуба од шампионатот на Англија, пројавија интерес за Колумбиецот. Тоа се: Манчестер сити, Евертон и Вулверхемптон.

Родригез има еден гол и две асистенции на 13 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Колумбиецот на 40 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026