Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од парите од Буџетот, сега е потребна одговорност, а не популизам и политиканство 

СДСМ:Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, прв предизвик ни е справувањето со кризата од коронавирусот

Скопје, 1 април 2020

Додека државата, сите институции и граѓани се борат со здравствените и економски последици од коронавирусот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ги напуштат теснопартиските интереси и да се стават во функција на справување со кризата.

Наместо политиканство и гол популизам, наместо паушални изјави, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да дадат реален придонес во борбата против коронавирусот и мерките за заздравување на економијата.

Сега е време на одговорност и солидарност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да излезат и јавно и јасно да се откажат од парите од Буџетот што и следуваат на опозициската партија, а парите да се искористат за помош во справувањето со негативните импликации врз економијата.

Во спротивно само ќе се потврди лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, едно да зборуваат а сосем друго да прават.

Без разлика на ова несериозно и незрело однесување на Мицкоски, СДСМ продолжува одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.

СДСМ останува на страната на граѓаните и државата, на страната на јавното здравје, на страната на економијата.

Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик кој е и здравствен и економски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт