Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Владата донесе сериозни економски мерки, државата ги спасува работните места погодени од кризата со коронавирусот

СДСМ:Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, прв предизвик ни е справувањето со кризата од коронавирусот

Скопје, 1 април 2020
Владата на Република Северна Македонија го донесе вториот пакет економски мерки кои имаат за цел побрзо и поефикасно справување со економските последици од коронавирусот.
Преземени се сериозни чекори кои значат зачувување на работните места за сите погодени од кризата со коронавирусот, мерки што значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.
Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата.
Денес, сите поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите се ставен пред важен тест кој ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг.
Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.
Најбитно е да се обезбеди и зачува здравјето на секој граѓанин, да се надмине здравствената криза, но важно е истовремено да се работи и на надминување на негативните економски последици за да продолжи економскиот раст и развој.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт