Утрински Весник
Магазин

Стогодишна Холанѓанка го победи коронавирусот

Стогодишна Холанѓанка го победи коронавирусот

Амстердам, 1 април 2020 (/) – Жена од Холандија, која има 101 година, била примена в болница пред десетина дена, поради зараза со коронавирус, и со тешкотии во дишењето. Но, таа оздраве и сега ќе може да ја напушти болницата.

– Таа е силна госпоѓа и убаво е да се види како ги слушаше здравствените совети, на пример, кивањето во лактот. Дури и ме предупредуваше мене да држам растојание, објаснува пулмологот Сунил Рамлал.

Името на старицата засега не се соопштува. Живее сама, но ќе мора да се одмори и рехабилитира во старечки дом, пред се врати дома.

Минатата седмица, светот го обиколи веста за 101-годишниот Италијанец, како и за неколкумина други кои оздравеле од вирусот.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трик со мобилен открива крлежи за секунди – малкумина знаат за оваа функција

Работник опиша какви се условите за работа во Германија: „Кај Германец да, кај Балканец никогаш“

Дневен хороскоп за 26 мај 2026 година