Утрински Весник
Македонија

МВР: Издадени решенија за изолација на 101 лице, 40 потпишале изјава за самоизолација

МВР Билтен

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (вчера и денеска) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале изјава за самоизолација.

Како што соопшти Министерството, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом.

– По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив осум се малолетници, приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници, се вели во соопштението. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег