Утрински Весник
Македонија

Штипското ЈО бара казна од 5.000 евра за штипјанец кој не ја почитувал мерката задолжителна самоизолација

Штипското ЈО бара казна од 5.000 евра за штипјанец кој не ја почитувал мерката задолжителна самоизолација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 31 март 2020 (МИА) – Штипското Основно јавно обвинителство денеска побара судот да ја изрече највисоката парична казна за 32 годишен штипјанец, кој не ја почитувал мерката за задолжителна самоизолација. Штипјанецот кој не седел дома сега се соочува со парична казна од 5.000 евра.

– Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, се вели во соопштението од Основното јавно обвинтелство во Штип.

Во него се наведува дека надлежниот јавен обвинител од Судот побарал на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност, односно вкупна парична казна од 5.000 евра. вдј/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи