Утрински Весник
Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност

Советот за безбедност утре ќе одржи седница

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска,  заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тишина од СДС, Заев и Филипче за тоа каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово

Муцунски учествуваше на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон

Уапсени Косовари кои криумчареле мигранти од Пакистан