Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Од денеска, сите локални улици во Карпош се мијат и дезинфицираат со уште една, четири тонска цистерна.
На овој начин, информираат од општината, на терен работат три цистерни, кои ги мијат улиците, но вршат и дезинфекција пред маркети, банки, пошти, аптеки и други пофреквентни места.
– Утринава, се миеја улици и се дезинфицираше пред фреквентни места, во Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 2 и Злокуќани. Оваа нова цистерна е во сопственост на правното лице „Анизор“ и е дадена на привремено користење на општината, без никаков финансиски надомест (донација), соопштуваат од прес-службата наОпштина Карпош.
Од општината ги повикуваат и сите други општествено одговорни компании да се приклучат во оваа битка за справување со коронавирусот.
Оттаму најавуваат дека локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за чистење на јавните површини и дезинфекција на влезовите на сите згради со повеќе од осум домаќинства во Карпош.фф/са/