Утрински Весник
Економија

Виз Ер ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 16 април

Виз  Ер ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 30 април

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска преку соопштение го коригираше датумот до кога ќе трае суспензијата на летови од и до аеродоромот во Скопје и информира дека суспензијата ќе трае до 16 април, а не до 30 април како што соопшти вчера.Суспензијата е поради пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Република Северна Македонија.

Виз Ер во соопштението информира дека патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство

Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток во Собранието