Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Мерките што ги носиме се во насока на заштита на здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите

Спасовски: Мерките што ги носиме се во насока на заштита на здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Врвен приоритет, како Влада, ни е здравјето и животот на граѓаните и на основа на тоа ги моделираме мерките што ги преземаме. Јасно е дека има и ќе има импликации по економијата, но донесовме еден, сега ќе следува и втор сет економски мерки, кои, заедно со мерките во заштитата на здравјето на граѓаните, имаат за цел максимално можно обезбедување на граѓаните и од двата аспекта во овие моменти, истакнал премиерот Оливер Спасовски на состанокот на Економско-социјалниот совет.
На состанокот, на кој присуствувале претставници и од синдикатите и од работодавачите, Спасовски порачал дека се носат внимателни одлуки и повикал на единство и сплотеност од сите.
– Нема да дозволиме политичко профитерство. Носиме и ќе носиме внимателни, но храбри и праведни одлуки. Важно е да имаме единство и сплотеност на што повикувам, за да излеземе со што помалку последици и како граѓани и како држава од оваа специфична ситуација во којашто се најде нашата земја, како и целиот свет, рекол Спасовски.
Од владината прес- служба информираат дека на состанокот биле сослушани проблемите со кои се соочуваат работниците и фирмите и била изразена заедничка определба за тесна соработка и меѓусебна поддршка за сите натамошни чекори што ќе треба да се преземат.
– На средбата е поздравена инклузивноста на премиерот и на Владата, кои прават широки консултации со цел заштита на здравјето на граѓаните, како и на нивната егзистенција и за одржувањето на функционалноста на економијата. Констатирано е заеднички дека секој во државата треба да направи што е можно повеќе за да се преброди овој кризен период, што би значело пред се здравствена и егзистенцијална заштита на граѓаните, работниците, фирмите, велат од владината прес- служба.
На седницата на Економско-социјалниот совет присуствувале и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер