Утрински Весник
Македонија

Статистика: Лани намален бројот на добитокот и на производството, освен на месо

Продолжен рокот за барање субвенции за млеко и несилки, почнува и аплицирањето за предадено јагне 
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Намален број на говеда, овци, кози, звињи и живина, бележи Државниот завод за статистика (ДЗС) минатата година во споредба со 2018-та. Намалување, како што соопшти, е евидентирано и во производството на млеко (кравјо, овчо и козјо). Зголемување има само кај месото.

-Во 2019 година во споредба со 2018-та, вкупниот број на говеда е намален за 15 отсто. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 15,1, додека кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за 10,4 проценти.  Бројот на свињите кај деловните субјекти е намален за 59,5 отсто, додека кај индивидуалните стопанства за 14,6. Намалување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 4,9 отсто, а кај деловните субјекти за 42,6. Бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 25,1 отсто, а кај деловните субјекти за 44,2. Бројот на живината во 2019 година во споредба со претходната година, е намален за 14,6 проценти, соопшти ДЗС.

Според ДЗС, производството на кравјо млеко во 2019 година изнесува 390.903.000 литри што е за 3,3 отсто помалку во однос на 2018 година.

-Намалување на производството во 2019 година е забележано и кај овчото млеко за 4 проценти, како и кај козјото за 26,2. Вкупното производство на месо, пак, е зголемено за 0,4 отсто. Производството на свинско месо е зголемено за 3,5 отсто, додека производството на другите видови месо во однос на претходната година е намалено. Од другите добиточни производи, забележано е намалено производство на јајца и на волна, наведува Државниот завод за статистика. мч/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении

Приведена жена од гостиварско, украла златен накит во вредност од 9.000 евра

Владата разгледува кризна состојба, греењето ќе се обезбеди со државни резерви на мазут