Скопје, 30 март 2020
Македонија се соочува со економска катастрофа. На македонското стопанство за да ја преброди кризата со корона вирусот му е потреба итна помош од државата. Политиканството на СДСМ нема да донесе леб на софрата на македонскиот граѓанин.
Постои сериозна опасност илјадници граѓани да останат на улица без работа, а владата до ден денес нема предложена ниту една сериозна мерка со која ќе ги заштити работниците и ќе им помогне на бизнисмените.
На почетокот од вонредната состојба кадарот на Заев, министрите во владата на СДСМ потрошија неверојатни 8 милиони денари за службени патувања и кафеани.
Да потсетиме дека платите на министрите на СДСМ се бројат во илјадници евра секој месеци. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш предлага на седницата на влада на која ќе се расправа за Законот за финансирање на партии, министрите на Заев, да се откажат од своите плати. Да не заборавиме дека Оливер Спасовски зема плата од државата во вредност од 90 илјади денари, Шекеринска 80 илјади денари, а Дескоска 70 илјади денари.
На истата седница и Манчевски може да ја покаже хуманоста и да се откаже од платата од 70 илјади денари како и Царовска од платата од 74 илјади денари.
За 3 години СДСМ на репрезентации, службени патувања и ресторани потроши 11 милиони евра, цела Македонија го виде нивното расипништво на дело.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки