Утрински Весник
Македонија

Новаци го одбележува Денот на општината – 30 Март

Новаци го одбележува Денот на општината – 30 Март

Новаци, 30 март 2020 (МИА) – Општина Новаци денеска го одбележа 30 Март – Денот на основањето на таа единица на локалната самоуправа.

За разлика од минатите години, оваа Општина Новаци се соочува со најголемиот предизвик, борба против пандемијата КОВИД-19, истакна градоначалникот Љубе Кузманоски.

-Годинава нема прослава, годинава имаме посебен предизвик, а тоа е заедничката битка против коронавирусот. Здравјето на нашите сограѓани е во преден план, и како што од секогаш велат постарите, сега е важно сите да сме на број, здрави и живи, порача Кузманоски.

Општина Новаци денес го одбележува и патрониот празник на тамошното Основно училиште „Славко Лумбарсковски“. мт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер