Утрински Весник
Политички Партии

Арсковски: Договорите покажуваат енормно висока цена, за лет до Загреб, споредено со Минхен и Малта

Арсковски: Договорите покажуваат енормно висока цена, за лет до Загреб, споредено со Минхен и Малта

Скопје, 30 март 2020 – 

Невидено е до сега и нечуено, хуманитарните акции кои ги организира било која Влада во светот да бидат платени и на терет на оние кои што им се даваат.

Откако се испофали целата Влада на СДСМ дека со хуманитарни летови ќе ги врати граѓаните од светот кои се заглавени поради корона вирусот, почнавме да гледаме и почнавме да слушаме сведоштва од патниците, дека секој хуманитарен лет и секоја една хуманитарна карта сами си ја плаќаат граѓаните по стотици евра. Многу повисоко што чинат од реалните цени.

Очигледно за овој хуман гест некој од Владата треба да добие соодветна награда.

Да се навратиме на цените за авиопревозниците.

Очигледна е нервозата на Рашковски и целата Влада во врска со обелоденувањето на вистината за висината и цените на чартер летовите кои што се актуелни сега. Еве ќе земеме за пример цени за само 3 дестинации од каде се враќаат македонските граѓани во Скопје.

Цената на чартер летот од Малта до Скопје чини 25.000 евра по авион.

Цената на чартер летот од Минхен до Скопје чини 32.000 евра по чартер авион.

А пак, цената на летот од Загреб кој што е најблиску до Скопје чини цели 42.500 евра по чартер авион.

Едноставен пример, нема човек што не знае, а патувал со авион дека лет во еден правец од Загреб до Скопје чини само 100-тина евра. Авион со 180 патници, какви што впрочем има компанијата Визер и за секој еден патник картата да чини 100 евра колку што отсекогаш чинела, целиот чартер авион би требало да чини околу 18.000 евра.

Каде е останатата разлика од 24.500 евра конкретно за летот од Загреб до Скопје? Класично воено профитерство и печалење на грбот на граѓаните.

Пропратено со нехумано третирање и нехуман однос кон патниците кои сами си ги плаќаат трошоците за целото патување.

Од сите страни гледаме сведоштва за нехумано третирање, каде што со часови патниците чекаат во автобуси, без храна, без вода, без дозвола да одат во тоалет. Откако ќе пристигнат во хотелите наменети за карантини, во една соба, на брачни кревети се сместуваат по двајца луѓе кои прв пат се гледаат. Не знаат дали едниот или другиот има симптоми на корона вирусот.

Која е поентата да имаш карантин ако сместуваш во една соба по повеќе луѓе?

Почитувани,

Најважно во моментов за нас сите, за граѓаните е да помине оваа криза и да се сочува здравјето на граѓаните најдобро што може. Дури потоа се ќе излезе на виделина и целиот сомнеж за криминал ќе биде посебна тема за разговор каде што целиот сомнеж ќе се префрли во правосудните институции откако ќе ги тргнат канџите Заеви.

Новинарско прашање: Како ја оценувате предложената мерка на СДСМ за намалување на платата на државните службеници на ниво на минимална плата? Каква мерка би предложиле наместо ова за да и се помогне и на приватните компании да не отпуштаат луѓе од работа?

Одговор на новинарско прашање: Ова прашање веќе неколку пати го одговараме и претходно излеговме први со реакција и одговор на овој потег предложен од страна на владата впрочем прв излезе на оваа тема говореше и нашиот претседател, Христијан Мицкоски. Повторуваме уште еднаш веднаш да се напушти идејата за урамниловка за примањата во администрацијата бидејќи не само што на тој начин нема да имаме позитивни ефекти во буџетот туку нема да имаме позитивни ефекти ниту пак во бизнисот. Тоа што во моментов сега го гледаме дека односно до сега функционираше повеќе нема да функционира. Наместо урамниловка бараме замрзнување на обврските на граѓаните кон банките, да се разгледа можноста за намалување на примањата на вработените во администрацијата и јавните претпријатија за месец март, но највеќе до 10%, ништо повеќе од намалување од 10%. Па понатака ќе се анализира како би се средувало понатака.

Во однос на приватните компании веќе излеговме со таков предлог први претходно и пред владата уште  пред десетина дена тоа е  да државата покрие до 50% од бруто трошоците за вработените по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага во моментов СДСМ зашто што сметаме дека е многу погрешно и многу повеќе компаниите ќе трпат штети односно ќе пропаѓаат. Впрочем и таа помош за нето плата која што во моментов ја предлагаат не е половина бидејќи  ја ограничуваат на 14.500 денари.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт