Утрински Весник
Македонија

На подрачјето на СВР Велес 28 граѓани не го почитувале полицискиот час

На подрачјето на СВР Велес 28 граѓани не го почитувале полицискиот час

Велес, 30 март 2020 (МИА) – Во текот на продолжениот полициски час од вчера попладне од 16 часот до утрово до 5 часот, во Велес 12 граѓани не го почитувале полицискиот час, во Неготино 15, а во Кавадарци само еден.

Како што информираат од СВР Велес против нив ќе се преземат соодветни санкции.

На подрачјето на СВР Велес во чиј состав се Велес, Кавадарци и Неготино, во Велес моментално во самоизолација се 125 граѓани, во Кавадарци 129, а во Неготино 37 граѓани. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит