Утрински Весник
Македонија

Предлозите за конкурсот на Здружението за култура и уметност од Тетово ќе се праќаат електронски

Предлозите за конкурсот на Здружението за култура и уметност од Тетово ќе се праќаат електронски

Тетово, 30 март 2020 (МИА) – Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово го прилагодува конкурсот за најдобра необјавена песна и ликовна творба за деца, млади и возрасни „Мајски латици“, согласно мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Наместо по пошта, предлозите сега треба да се испраќаат по електронска пошта, а продолжен е и рокот на испраќање.

-Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца, млади и возрасни на тема „Мајски латици“ се продолжува до 15 април. Напишаните песни треба да се достават на електронската адреса iljoanteskismok@yahoo.com. Треба да се пратат два ворд документи. Во едниот е песната, да стои шифра на песната и во која категорија ќе конкурирате. Во вториот да стои шифра на песната со лични податоци: име и презиме, ден месец и година на раѓање, одделение /клас/училиште или факултет, место и адреса на живеење, телефонски број за контакт и е-маил, соопшти Здружението.

На конкурсот за најдобра необјавена песна има категории деца, млади и возрасни и ќе се доделат прва награда, две втори и три трети награди.

Песните треба да бидат на македонски јазик. Истите категории и награди ќе ги има и за конкурсот за ликовна творба каде техниката е по слободен избор на авторот.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит