Утрински Весник
Економија

Продажните цени на индустриските производи во февруари пониски на месечно ниво

Раст на прометот на индустријата на годишно ниво

Скопје, 30 март 2020 (МИА) –  Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво остануваат непроменети, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2020, во споредба со јануари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, енергија за 3,3 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.

Во февруари 2020, во споредба со февруари 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се непроменети.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!