Утрински Весник
Македонија

Миење и дезинфекција на улиците во Општина Аеродром

Миење и дезинфекција на улиците во Општина Аеродром

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Општина Аеродром денеска изврши миење на улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“, Мичурин и Стар Аеродром.

Оттаму информираат дека од утре почнуваат со дезинфекција на сите улици кои се под надлежност на оваа општина.

– Ова е уште една од низата превентивни мерки што Општина Аеродром ги презема за заштита од коронавирусот, посочуваат од прес-службата на општината.

Инаку, Град Скопје редовно врши миење и дезинфекција на булеварите што се под негова надлежност.фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски до Собранието го предложи Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка

Клиничката болница – Штип не прима пациенти со скршеници поради паднатиот покрив