Утрински Весник
Сцена

Елизабет Харли го опишува својот ден во изолација

Елизабет Харли го опишува својот ден во изолација

Херифорд, 30 март 2020 (/) – И славните личности периодов се справуваат со изолацијата поради корона-пандемијата и се борат со здодевноста… Но, британскиот секс-симбол Елизабет Харли не ги заборава своите обожаватели, па викендов ги почести со слика од себе во куса ноќница.

– Ден 11-ти од изолацијата со моето семејство, тука во Херифордшир… Конечно ја измив косата, ставив малку шминка, па решив да објавам нешто, го почнува глумицата својот текст опишувајќи го својот вообичаен ден во оваа вонредна состојба.

Харли е во изолација со нејзиниот син Дејмијан (17),нејзината 79-годишна мајка, тетка ѝ, уште еден нејзин пријател, како што самата пишува – „од ризичната група граѓани“ и тројца други.

– Фала Богу, дојде вечерта, па може да се опуштиме и да одмориме малку од вестите, вели Харли натаму во објавата. Самата таа е во шестата деценија од својот живот. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка