Утрински Весник
Македонија

Во Битола поставени постери со хигиенски практики за домашните миленици

Во Битола поставени постери со хигиенски практики за домашните миленици

Битола, 30 март 2020 (МИА) – Експерти од Факултетот за биотехнички науки и Ветеринарен факултет-Битола подготвија и дистрибуираа информативен постер во кој се посочени информации за хигиенски практики поврзани со храната на домашните миленици.

Целта на постерот е брзо и подобро информирање на сопствениците на домашни миленици и разбивање на сите митови и, како што посочуваат, лажни информации во услови кога за тоа нема докази, дека домашните миленици може да заболат и да ја шират болеста КОВИД-19.

Препораките на експертите од битолскиот Универзитет се темелат на официјалните информации од Светската ветеринарсна асоцијација за мали животни-WSAVA  и научниот комитет „Едно здравје“.

-Препорачуваме сопствениците своите домашни миленици да ги чуваат со нив доколку се во самоизолација или карантин, да одржуваат добри хигиенски практики и веднаш да контактираат со нивниот ветеринар доколку се соочуваат со проблеми. Ако кај сопственик на домашно милениче е дијагностициран КОВИД-19, тогаш контактот треба да се сведе на мерка на претпазливост за здравјето на животните, вклучувајќи и допир на нивната храна, посочуваат универзитетските професори од Битола и додаваат дека епрепорачливо домашните миленици да ги чуваат други членови на семејството, ако сопственикот е заразен со коронавирус.

Јавниот инфо-постер за сопствениците на домашни миленици е изработен на иницијатива на УКЛО и Општина Битола. мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме