Утрински Весник
Македонија

ДКЦ Карпош со онлајн Априлијада по повод Денот на шегата

ДКЦ Карпош со онлајн Априлијада по повод Денот на шегата

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Детскиот културен центар Карпош во среда, 1 април, по повод Денот на шегата на нивната фејсбук страна ќе организираат градска Априлијада.

Од ДКЦ Карпош ги покануваат сите да се придружат на настанот што ќе го организираат на фејсбук страната со лајв стрим, со почеток во 12 часот.

-Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, за првпат на несекојдневен начин ја организираме градската Априлијада. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов, наведуваат во своето соопштение.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава

МВР: Полицијата е на терен по невремето, во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер