Утрински Весник
Македонија

Прв случај на коронавирус во Гевгелија, се прави епидемилошко истражување за изнаоѓање на лицата со кои било во контакт

Прв случај на коронавирус во Гевгелија, се прави епидемилошко истражување за изнаоѓање на лицата со кои било во контакт
Dik 300x250 mk

Гевгелија,30 март 2020 (МИА) – Лицето од Гевгелија кај кое вчера беше потврдено присуство на коронавирусот е ставено во домашен карантин, заедно со членовите од семејството со кои живее. Ова е прв случај регистриран во Гевгелија, а епидемилогот Сашо Олумчев, од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во овој град, вели дека веднаш е постапено согласно алгоритмот пропишан од СЗО за дефиниција на случај.

-Во моментот се врши епидемиолошко истражување со цел изнаоѓање на сите лица кои биле во близок контакт со заразеното лице. Направена е епидемиолошка анкета на лицето и членовите на потесното семејство со цел лоцирање на изворот на заразата, напиша Олумчев на својот ФБ профил.

Олумчев информира дека ќе се тестираат членовите на најблиското семејство и дека ќе се трага по лицата кои оствариле близок контакт со заразеното лице заради анализа од можните ризици за ширење на инфекцијата и преземање мерки за пресечување на сите можни синџири на заразата.

Покрај се,епидемиологот д-р Олумчев апелира до граѓаните на општина Гевгелија да останат смирени и да имаат доверба во системот. им/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи