Утрински Весник
Политички Партии

Локвенец: Во овие тешки времиња успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда

Локвенец: Во овие тешки времиња успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда

29 март 2020
Во овие тешки времиња, кога на глобално ниво се соочуваме со коронавирусот, успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда и овозможија остварување на стратешките цели на државата.
Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО. Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ.
Ова е големо признание за сите заложби кои ги направивме како држава за релативно краток период, за само 2.5 години.
Добивме признание за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Владата, Собранието, Судството да ги спроведат реформите поставени  како наша цел уште во 2017 година.
Иднината на нашата држава е обезбедена. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции.
Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и  тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.
Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.
Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел.
Станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа е мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата која не само нас како држава, го стави целиот свет под закана по здравјето на луѓето.
Република Северна Македонија продолжува храбро да чекори напред, кон напредок и просперитет за сите нејзини граѓани.
Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда.
 Хари Локвенец, пратеник на СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт