Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Џеј Ар Смит со твит за Трамп – „Замолчи и направи нешто кловну“

Џеј Ар Смит со твит за Трамп – „Замолчи и направи нешто кловну“
Img 7972

Вашингтон, 29 март 2020 (МИА) – Кошаркарската ѕвезда Џеј Ар Смит преку Твитер му одговори на Доналд Трамп откако американскиот претседател исто така преку социјалната мрежа ги обвини медиумските работници дека шират „лажни вести“ во време на пандемија на новиот коронавирус.

– Замолчи човеку! Направи нешто. Е..н кловн, напиша Смит на Твитер.

Претходно, Трамп на Твитер објави дека „Слабите медиуми измислуваат приказни што се неточни. Цитираат анонимни извори кои не постојат. Тоа е се опасни и корумпирани луѓе, кои прават се поведени од желбата за успех. Откријте ги вашите извори“.

Смит (34) во моментот е слободен играч, неговиот последен ангажман беше во Кливленд, со кој во 2016 година го освои шампионскиот прстен во НБА лигата, а три години претходно беше прогласен за најдобар шести играч во првенството. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!