Утрински Весник
Спорт

Сопственикот на Њујорк Никси позитивен на Ковид-19

Сопственикот на Њујорк Никси позитивен на Ковид-19

Њујорк, 29 март 2020 (МИА) – Сопственикот на Њујорк Никс, Џејмс Долан е заразен со новиот коронавирус, објавија  американските медиуми.

Тој на почетокот на неделата се тестирал откако имал  благи симптоми и сега е во самоизолација.

Долан на 8 март го гледаше натпреварот на Никси против Детроит во „Медисон Сквер Гарден“, а подоцна беше дијагностициран Ковид-19, кај играчот на Пистонси, Кристијан Вуд.

Освен Долан, засега нема позитивни кошаркари на Њујорк на новиот коронавирусот. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство