Утрински Весник
Македонија

Сто и две лица приведени поради непочитување на мерката за забрана на движењето

Само едно лице не ја почитувало самоизолацијата, 37 приведени поради непочитување на забраната за движење

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето во текот на изминатото деноноќие, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

Како што соопшти МВР во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!