Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за двајца делчевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација

Кривична пријава за двајца делчевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација

Делчево, 28 март 2020 (МИА) – Две лица од Делчево казнети за непочитување на мерката за самоизолација. Првата кривична пријава од страна на Одделението за внатрешни работи Делчево му е поднесена на шеесет и две годишниот Ф.Т од Делчево, кој се товари за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. 
-На 13 март 2020, при проверка од полициски службеници, пријавениот Ф.Т не е затекнат на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, инфомираат од ОВР Делчево.
Втората кривична пријава поради сличен прекршок ја заработи и Т.Н.(47) од село Град.
 
-На 18 март 2020 во 12:30 часот во село Град, при проверка од полициски службеници, пријавениот не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако, исто како и во претходниот случај примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство и потпишал изјава за 14-дневна самоизолација, информираат од делчевската полиција.
 
Кривичната пријава на 47 годишниот жител на село Град му ја поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ