Утрински Весник
Македонија

МЖСПП: Со посебно внимание ги следиме часовните вредности на емисиите на ПМ10 честичките во корелација со температурните вредности

МЖСПП: Со посебно внимание ги следиме часовните вредности на емисиите на ПМ10 честичките во корелација со температурните вредности

Скопје, 27 март 2020 

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека како и досега, внимателно ги следи емисиите на загадувачките супстанции во амбиентниот воздух. Во овој период, кога се на сила низа мерки на Владата заради справување со вирусот COVID-19 со кои е ограничено движењето на граѓаните и работењето на најголем дел од институциите и индустриските инсталации, со посебно внимание ги следиме часовните вредности на емисиите на ПМ10 честичките во корелација со температурните вредности.

Притоа, во моментов се прибираат и регистрираат сите податоци од аспект на активни деловни субјекти, активен транспорт, активни индустриски капацитети во различен временски период, односно ограничено движење и подолго престојување на граѓаните во своите домови, наспроти временските услови, со цел нивна анализа за определување на влијанието и уделите на клучните фактори за аерозагадувањето и понатамошно соодветно креирање на стратешките и планските документи, односно акциските мерки.

МЖСПП доби податоци од Државниот инспекторат за животна средина за сите инсталации кои вршат дејност во овој период, а се под нивна надлежност, односно капацитетот со кој работат во период на намален број на ангажирани лица и часови на работа. Понатаму, oд Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи се прибираат информациите за активните дејности за време на ограничувањето на движењето на граѓаните (ноќните часови), како и за проценката на бројот на возила на сообраќајниците. Податоците за временските услови се обезбедуваат од УХМР.

Со анализа на собраните информации ќе се добијат податливи сознанија кои се исклучително важни од аспект на креирањето на политиките во областа на животната средина, односно планирањето на мерки и активности за справување со аерозагадувањето.

Првичните, а и последователните анализи во временски циклус заради забележување на трендови, поопширно ќе бидат споделени на веб страницата на МЖСПП, со цел увид на стручната, но и општата јавност и извлекување на релевантни заклучоци.

Истовремено, МЖСПП укажува дека инспекциската контрола е клучна за детектирање и спречување на акутните покачувања на вредностите, поради евентуални недозволени активности и поради тоа веќе беше иницирано овозможување на непречената работа на инспекциските служби.

Неопходно е да се овозможи на ДИЖС да ги спроведува контролите над индустриските капацитети кои поседуваат А-интегрирани дозволи, доколку тоа е потребно, и за време на полицискиот час на територијата на РМ, но неопходно е овластување и на локалните инспектори, кои се надлежни за контролата на капацитетите кои поседуваат Б-интегрирани дозволи, односно сите активности кои се во спротивност со Законот за јавна чистота. Дополнително, не смее да запре контролата на отворените огнови, а посебно палењето на стрништата, што е во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерство за животна средина и просторно планирање

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице