Утрински Весник
Економија

Бислимоски: Постои можност сметките за струја за март, април и мај да се плаќаат на рати

РКЕ: ЕВН ХОМЕ ќе продолжи да ги снабдува сите потрошувачи што нема да излезат на слободниот пазар до крајот на март
300x250 (7)

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Постои можност сметките за потрошена електрична енергија за март, април и мај годинава да се плаќаат на рати поради актуелната состојба со коронавирусот, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

-Постои можност сметките за овие месеци да се поделат на рати со цел да не им бидат на товар на потрошувачите. Покрај тоа и потрошувачите кои од претходно беа исклучени заради неплатени сметки за електрична енергија повторно се приклучени на мрежата, рече Бислимоски во вестите на ТВ Канал 5.

Ss1

Тој нагласи дека воведување на ефтина тарифа за струја во текот на целиот ден е неизводливо од економски аспект.

-Нашата анализа покажува дека доколку се воведе евтина тарифа за електрична енергија во текот на целиот ден за едно просечно семејство трошоците би се намалиле за 400 денари на месечно ниво, а вкупниот трошок за воведувањето на евтина тарифа би изенесувал 5,5 милиони евра месечно, прецизира Бислимоски.

РКЕ, како што кажа, побарала од БЕГ да го зголеми прагот за вклучување на парното греење во Скопје од минималната гранична температура од 15 степени, како што е пропишано, на 16 или 17 степени целзиусови. -Тоа БЕГ веќе го реализира, потенцира Бислимоски. вј/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk