Утрински Весник
Македонија

Во Свети Николе во самоизолација 21 лице

Во Свети Николе во самоизолација 21 лице

Штип, 27 март 2020 (МИА) – Во Свети Николе во самоизолација се  21 лице. Пет лица не ја почитувале мерката за ограничено движење и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

-Во моментот, 21 лице се наоѓаат во самоизолација. МВР постојано врши проверка дали тие ги почитуваат мерките и препораките за самоизолација. Тие се во добра здравствена состојба, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој истакна дека четири  лица  на Oпштина Свети Николе, кои допатувале од странство, во моментот се наоѓаат во државен карантин 14 дена и се во добра здравствена состојба.

Во минатото деноноќие, пет лица не ја почитувале мерката за ограничено движење и против нив МВР , до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, вели Велковски.

Тој упати  апел до сите граѓани, да ги почитуваат мерките за ограничено движење, со што се заштитуваат самите себе и своите најмили.вдј/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

„Кој луд купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Ужас во Швајцарија: Македонка и нејзиното бебе убиени од сопругот