Утрински Весник
Економија

Апликација „Понуда-Побарувачка“ за тргување со земјоделски производи преку вебот на МЗШВ

Апликација „Понуда-Побарувачка“ за тргување со земјоделски производи преку вебот на МЗШВ

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – На интернет страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) од денеска е поставен банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација „Понуда-Побарувачка“ на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС).

Преку апликацијата на земјоделците им се овозможува во услови на вонредна состојба, кога голем дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни) не се во функција, да тргуваат со своите производи.

Практично се овозможува, како што наведува МЗШВ, брз и лесен пристап до податоците за расположливите количини и цени на земјоделски производи и добиток во реален временски период како и континуиранo следење и обезбедување транспарентен преглед на земјоделски производи од домашно потекло и движење на цените на земјоделските пазари.

– Да се понудат/побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток директно од страна на производителите на земјоделски производи од домашно потекло, да се понудат/побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток од страна на заинтересираните потрошувачи, купувачи, откупувачи и трговци на производи од домашно потекло, како и зинтересираните страни (понудувачи и побарувачи) да најдат заеднички интерес да договорат и направат трговска трансакција, се можностите што ги нуди „Понуда-Побарувачка“.

Веб апликацијата технички и административно ја одржува Одделението за ЗПИС во Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Понудата или побарувачката за определените земјоделски производи се внесуваат од страна на пазарните репортери од подрачните единици на МЗШВ, АПРЗ или од фирмите вклучени во системот на ЗПИС.

– Заинтресираните понудувачи или баратели на одреден производ или добиток досега се обраќаа до спомнатите репортери, пополнуваа образец, го потпишуваа и го оставаа кај пазарниот репортер. Врз база на образецот репортерот ја објавува понудата или побарувачката во системот. За сите барања и објавувања репортерите ги чуваат обрасците за објавување на понуда или побарувачка во период од една година. Но, во услови на вонредна состојба како што е моменталната предизвикана од пандемијата со коронавирусот, согласно препораките на Владата за социјално дистанцирање, заинтересираните понудувачи или баратели на одреден производ, барањето може да го достават такашто најпрво ќе го преземат образецот „Барање за понуда“ поставен на апликацијата, а потоа пополнетиот образец ке го испратат преку e-mail до подрачната единица на МЗШВ или АПРЗ, објаснуваат од Министерството.

Сите што не се во можност да користат интернет, потребно е телефонски да искомуницираат со подрачната единица на МЗШВ или АПРЗ, а пазарниот репортер во нивно име ќе пополни образец и ќе ја објави понудата/побарувачката во системот.

Комплетната агропонуда е достапна преку клик на банерот „Понуда-Побарувачка“ на веб-страницата на МЗШВ или на страницата на ЗПИС на: www.zpis.gov.mk како и на http://ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk/. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден