Утрински Весник
Сцена

Пејачот Линдеман од рок групата Рамштајн заразен со коронавирусот

Пејачот Линдеман од рок групата Рамштајн заразен со коронавирусот

Берлин, 27 март 2020 (/) – Пејачот на германската рок група Рамштајн, Тил Линдеман е заразен со новиот коронавирус и се наоѓа во болница на интензивна нега.

Според германскиот весник „Билд“, Линдеман бил во животна опасност, а сега состојбата му е подобрена.

По концертот во Русија, тој се вратил во Берлин каде што добил висока температура.  Со Брза помош е префрлен на клиника каде што е тестиран и е потврдено дека е позитивен на коронавирусот. Исто така му е дијагностицирана и пневмонија. паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка