Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Челси го сака Нојер

Нојер: Проблемот за Баерн е во тоа што за да победи треба да постигне три гола
300x250 opst2

Лондон, 27 март 2020 (МИА) – Англиски Челси го сака во своите редови голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

Нојер има договор со Баерн до 2021 година, но не сака да го продолжи.

Минхенскиот гигант им нуди на фудбалерите над 30 години само едногодишни договори, дури и ако се клупски легенди како Нојер, кој сака повеќегодишен договор.

Баерн би можел да го продаде Мануел во следниот трансфер прозорец за да не остане со празни раце кога ќе истече договорот на 34-годишниот голман.

Баварците веќе го донесоа Александар Нибел од Шалке и најдоа замена за Нојер.

Челси сака да го продаде Кепа Аризбалага, кој не ги исполни очекувањата како најскап голман на сите времиња.

Нојер засега е цел број еден за „сините“ од Лондон, пренесува германски „Билд“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025