Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Филипче: Обезбедени респиратори, маски и тестови

Филипче: Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе
Img 7972

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Обезбедени се 55 респираторни машини од кои 25 од страна на Канцеларија за услуги на проекти на ОН (УНОПС), преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина, за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вчера на прес-конференција истакна дека во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. рп/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почивалец: Ќе изградиме стационар за кучињата скитници во Радовиш

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС