Утрински Весник
Спорт

Бријаторе: Шумахер се бореше со Сена, а сега Хамилтон само треба да заврши

Бријаторе: Луѓето во Ферари не разбираат што е Формула 1

Бракли, 26 март 2020 (МИА) – Во негов познат стил, Флавио Бријаторе го даде своето мислење за споредбите меѓу Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, кои сè повеќе се прават.

Луис сега е шесткратен светски шампион и, при нова титула, дури можеше да го изедначи рекордот на Михаел од седум титули оваа година, што никој не веруваше дека никогаш ќе се случи.

И покрај неспорните успеси на Хамилтон, поранешниот шеф на Бенетон и Рено смета дека борбата на патеката за Шумахер била потешка и, според тоа, неговите победи поценети.

– Михаел се бореше со одлични пилоти на секој сантиметар од патеката. Кога тој влезе во Формула 1, конкуренцијата беше огромна. Имаше шампиони како Аиртон Сена или Најџел Менсел, нема потреба да се оди понатаму. Во моментов конкуренцијата не е на вистинско ниво и со години не успева да го стави под притисок Хамилтон. Само Нико Розберг успеа да влезе под неговата кожа и да го победи при сосема еднакви услови на патеката. За следната титула на Луис ќе му треба само да заврши и нема да има кој да го спречи, изјави Италијанецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига