Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот кризен штаб бара да се забрани делење на заштитни маски произведени во домашни услови и делење на храна

Гостиварскиот кризен штаб бара да се забрани делење на заштитни маски произведени во домашни услови и делење на храна

Гостивар, 26 март 2020 (МИА) – Заштитни маски произведени во домашни услови и работилници нема да се делат низ Гостивар, а донациите од храна и други продукти ќе се делат само координирано и според дадени насоки од стручни лица.

Според градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари делењето на такви маски треба да се забрани, додека не се утврди нивната безбедност од стручни лица и институции.

– Добрата намера и хуманитарност, во ваков случај може да предизвика контра ефект, па наместо да помогнеме, ние ќе почнеме да ја шириме заразата. Не знаеме ниту каде се произведени, ни дали лицата што ги прават, се здрави. Маските мора да се стерилни и да се со соодветен сертификат за безбедност. Јас еден таков случај пријавив во полиција и побарав да се забрани дистрибуцијата на ваквите маски, рече Таравари.

Кризиниот штаб за справување со пандемијата во гостиварскиот регион побара да се стопира и делењето на помош во храна, хигиенски производи и облека. Таравари смета дека ваквите активности на здруженија и поединци мора да се во координација со соодветните служби и институции и најави присуство на претставници на Црвениот крст на следниот состанок на кризниот штаб.згм/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”