Утрински Весник
Економија

Нема патување со воз за викенд

Железничка линија Скопје-Солун-Скопје од 15 месецов
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Патничките возови нема да сообраќајот во тек на претстојниот  викенд.  Железници Транспорт го измени возниот ред за деновите од викендот, откако Владата вчера донесе одлука да го ограничи движењето на граѓаните во сабота и во недела, како дополнителна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година, соопшти денеска Железници Транспорт.

Оттаму известуваме патниците дека во понеделник (30.03.2020 година), возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 месецов. лв/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти