Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Почнуваат економските мерки – бескаматни кредити за фирмите, мирување за извршителските дејствија

Костадинов: Почнуваат економските мерки – бескаматни кредити за фирмите, мирување за извршителските дејствија

26 март 2020

Институциите, државата прават се да го обезбедат здравјето на граѓаните, но и да ги ублажат последиците од економската криза.
СДСМ како одговорна партија водена од интересите на граѓаните и државата, веќе предложи низа мерки за справување со економските последици од коронавирусот.
И додека институциите прават се за да го заштитат здравјето на граѓаните, за да ја помогнат економијата, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири лажни вести и заради политички цели се обидува да шири паника и вознемиреност кај граѓаните во време на здравствена криза.
Нивното такво однесување ќе го ценат граѓаните.
Владата веќе ги донесе првите мерки кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните и стопанството полесно да се справат со штетите предизвикани од коронавирусот.
Развојната банка на Северна Македонија веќе објави јавен повик за доделување бескаматни кредити на микро, мали и средни претпријатија погодени од кризата. Компаниите ќе имаат можност да добијат бескаматен кредит од 3 до 30 илјади евра со грејс период од 6 месеци.
Донесена е Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.
Со неа е се олеснува финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.
Тоа значи дека оние кои се погодени коронакризата имаат можност од грејс период односно да не плаќаат рати за кредитот во следните три месеци. Се разбира, оние кои не се погодени ќе продолжат да плаќаат и треба да продолжат да плаќаат редовно како и досега.
Извршителските дејствија се ставени во мирување. Тоа значи дека извршителите нема да извршуваат се до 30 јуни.
Затезната камата се намалува двојно, односно таа ќе се пресметува и наплатува во висина од 0,015% за секој ден задоцнување, наместо 0,03% како што уредува Законот.
Почитувани, ова се мал дел од мерките што имаат за цел пресретнување и намалување на штетите од економската криза која го зафаќа целиот свет.
Но за кризата побрзо се надмине потребни се уште посилни и уште поефикасни економски мерки, насочени кон заштеда и поголема помош за граѓаните.
Затоа, апелираме до Владата, да донесе одлука за кратење на платите на функционерите, министрите, раководителите, градоначалниците, директорите и на вработените во јавниот сектор на 14.500 денари во месеците април и мај.
Претседателите и членовите на Советите во општините и претседателите и членовите на Управните и Надзорните одбори на институциите формирани од централната и локалната влас да не земаат надоместоци за месеците април и мај.
Сите средства од оваа заштеда да одат во фонд за справување со кризата од каде ќе им се помага на работниците и стопанството.
За сите приватни фирми погодени од кризата владата да помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок.
Од економската криза ќе излеземе победници само ако сите заедно понесеме дел од товарот. Сега е време за солидарност, за меѓусебно помагање.
Да се чуваме, да се помагаме, затоа што само така ќе успееме.
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста 

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО