Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да се однесуваме одговорно и без паника со што ќе го заштитиме здравствениот систем

Филипче: Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Граѓаните да применуваат примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба и да се почитуваат стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување, апелира министерот за здравство Венко Филипче.

Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови, посочува Филипче и додава дека лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.

– Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствен систем, а со тоа и сите нас како граѓани на Република Северна Македонија, истакнува Филипче на својот ФБ профил. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Изгоре противпожарен камион, двајца пожарникари повредени

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење

Андоновски: Националниот дата-центар ќе ја обедини државната ИТ инфраструктура – помалку трошоци и повисока безбедност