Утрински Весник
Македонија

Димитров: Лага е дека МНР потрошило 24 илјади евра за патувања во странство меѓу 17 и 24 март

Димитров: Ја започнуваме следната заслужена фаза од нашиот европски пат

 

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Во време кога ресурсите, напорите, вкупната енергија на целата нација се насочени во борбата против коронавирусот, опозицијата се однесува небаре е друг, политички „вирус”, фабрика за лажни вести, напаѓајќи ги институциите преку ширење клевети и ноторни лаги, вели во писмена изјава министерот за надворешни работи Никола Димитров.
-Ако веќе не помагате, во време на вонредна состојба, аман не одмагајте, срамота е!, истакнува Димитров.
Според него, денес наместо целосно да се занимава со проблеми на граѓани, камионски транспорт, странска помош за кризата, дел од времето мора да го потроши на, како што вели, на зелените (но не во смисла на екологија) тврдења на опозицијата дека во период на криза, меѓу 17 и 20 март МНР потрошило нешто помалку од 24 илјади евра (1.457.517 денари) за патувања во странство. Ова, потенцира, е чиста лага.
Вистината, според министерот, е дека тој лично во март нема ниту патување во странство, а последното патување пак на дипломат од МНР во странство е на 3 март. Оттука, појаснува, МНР меѓу 17 и 20 март за службени патувања има потрошено нула денари.
-Приказот од трезорот што го злоупотребуваат се однесува: на претходно реализирани авиокарти на дипломати од МНР во износ помал од 1.500 евра (91.060 денари) и на редовна месечна дознака за патни трошоци на нашите амбасади низ светот, на сите 57 дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во износ од приближно 22.000 евра (1.366.457 денари) односно нешто под 400 евра по ДКП, вели Димитров.
Појаснува дека трезорот со самото дозначување на овие средства од МНР до ДКП-та нив ги смета како веќе реализирани трошоци, иако реално истите се реализираат сукцесивно, во текот на месецот, од секое ДКП посебно, за извршување на своите редовни задачи.
-Е сега, оти ова е тотално редовна активност, навистина згрозува фактот што се злоупотребува од луѓе кои ја разбираат, кои точно знаат за што се работи и сепак одлучиле да манипулираат и да лажат, во време кога МНР е една од клучните алки во борбата против маката што не’ снајде. Овие обиди за саботажа, овие гнасни игри нема да дозволам да фрлат дамка врз работата на Министерството. За оваа пропаганда ќе си покренам соодветни постапки,  истакнува Димитров.
Оценува дека во недела кога татковината се зачленува во НАТО, кога ЕУ одлучи да започне пристапни преговори – национални стратешки интереси со децении – можеби и ќе беше премногу да се очекува, како што вели, „здружението” да успее да се издигне и да честита на историскиот успех. Но, додава, минимум достоинство и човечки вредности ќе наложат воздржување од лаги барем додека трае оваа битка во која за жал, очигледно коронавирусот не е единствениот непријател на македонските граѓани и на државата.”скс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара